Фустан со панделка – посебно парче за посебни пригоди
•
16 септември 2019
Панделките се моден детаљ кој голем дел од дизајнерите често го користат во својот дизајн бидејќи потсетува на нежност, женственост, префинетост и романтика.
Токму на овој детаљ е акцентот во моделот на фустан на дизајнерката Rebecca Vallance кој предизвика внимание кај модните вљубеници на Инстаграм.
Се работи за модел во чисти линии, симплифициран крој и голи раменици, каде целиот фокус е на масивната панделка поставена на струкот во предниот дел и тоа е сосема доволно за да ве шармира.
Најпопуларен е оној модел во окер нијанса, но исто така е достапен и во розова и корална боја.
Доколку ви следи некоја свечена прилика периодов, овој модел може да ви послужи како инспирација што да облечете.