Фустани инспирирани од боите на виножитото и како да ги комбинирате!

28 април 2021

После година дена во карантини и изолации, ако не на друг начин, барем преку облеката можеме да си го подобриме расположението и да им се израдуваме на пролетните и летни денови.

Еден начин да го сторите тоа е со фустан инспириран од виножитото! Црвена, зелена, виолетова, жолта, розова, сина… јаки, смели, разиграни, весели бои за таков изглед и расположение.

Фустан 6.500 денари

Можете да го носите со интересни влечки или сандали, а може да ги комбинирате и со патики. Додадете интересна еднобојна марама на високата пунџа, ставете златен нежен накит, комбинирајте со кратка џинс јакна или тренч. 

Дизајнерите преку своите брендови веќе ги презентираа нивните решенија, а во продолжение, ви презентираме идеи како да го комбинирате фустаните инспирирани од виножитата.

Објавено:
28 април 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
454 пати