Фустани од црвениот килим што визуелно го намалуваат струкот

4 септември 2020

Колор блок техниката, односно дизајнот што спојува различни форми во различни бои, е една од најчесто применуваните во модниот израз поради нејзината занимливост, впечатливост, но и функционалност.
Во своите уметнички дела ја користел и познатиот уметник Мондриан, кој пак бил инспирација за делата на модниот генијалец Ив Сен Лоран.

Иако оваа техника во почетокот се користела за визуелно „редефинирање" на женската силуета, сепак во последно време се попопуларно е да се користи со цел визулено да го намали струкот и да ја потенцира женската фигура.

Како директен пример ќе го посочиме фустанот на Стела Мекартни што во 2011 година на црвениот килим на Венецискиот филмски фестивал го носеше Кејт Винслет, во колор блок комбинација на бела, беж и црна, визуелно намалувајќи го струкот на актерката.

Уште неколку одлични креации во колор блок фазон, што освен што изгледаат впечатливо, дополнително и визуелно го намалуваат струкот, здвојуваме од црвениот килим.

 

Објавено:
4 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
930 пати