Фустани од тантела кои ќе ве освојат од прва

12 април 2014

Доколку се двоумите што да облечете,фустанот од тантела е секогаш идеален избор. Иако беше застапена и во зимските колекции, сепак пролетта е дефинитивно во знакот на тантелата и затоа одберете фистан во пастелна или пак впечатлива нијанса.

Предноста на овие модели е што не бара надополнување со голем број модни додатоци, туку доволно е да имате само ѓердан, или пак алка и прстен. Во зависност од тоа дали станува збор за дневен или вечерен стајлинг, ние ќе ви понудиме 15 модели на фустани од кое се застапени оние со нежно бела или пастелни нијанси, па се до впечатливи нијанси. Исто така застапен е модел со пруги и модел на фустан кој е комбинација од тантела и свила. Изборот е ваш!

Објавено:
12 април 2014
Категорија: 
Тренд
Тагови: 
тантела фустани