Фустани што можете да ги носите од пролет до есен

23 јули 2018

Една од предностите на паметното купување, особено кога облеката е во прашање, е парчето да биде квалитетно и практично.

Ако сакате да носите нешто со мерак и што подолго, треба да ви биде пријатно, да ви стои убаво и да ви се најде за што повеќе пригоди.

Имајќи го ова на ум, денеска ви даваме предлози за тоа кои фустани можете да ги носите од пролет до есен. Воедно, тоа се модели што ќе ви се најдат за бројни пригоди, од работното место, преку лежерни прошетки, до свечености или забави.

За да трансформирате одредена комбинација доволно ви е палто или јакна. Од друга страна и модните додатоци играат голема улога во тоа дали вашиот стајлинг е спортски или елегантен, па патиките, сандалите, балетанките ќе го трансформираат изгледот значително, како и чантата или очилата за сонце.

Во продолжение погледнете ги нашите предлози за тоа кои фустани можете да ги носите речиси во текот на целата година.

Асиметрични

 

Нежни од тантела

 

Со округ околувратник и принт

 

Миди фустан од џинс

 

Плетен на риги

 

На копчиња со истакната половина

 

Со карнери на преклоп

 

Со превртена панделка

 

Маица+„слип“ фустан

 

Ленени фустани

 

Со истакната половина

 

фото извор: pinterest.com;

Објавено:
23 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.857 пати