Фустани со ремен околу струкот – пролетен хит во најава

19 февруари 2019

Фустан со миди должина, во опуштен крој, со ремен околу струкот што ја потенцира женската линија – е најава за пролетно парче кое ќе биде хит годинава.

Ваквиот впечаток го добиваме, откако ги разгледавме пролетните колекции на луксузните и „high street" брендовите, во кои ова женствено парче е застапено во различни изданија.

Наспроти унисекс естетиката особено актуелна во уличната мода, сепак дамскиот и елегантен изглед не губи од својата актуелност, а ова тренди парче е доказ за тоа.

Со оглед на тоа дека пролетната сезона доаѓа во заносно, колоритно издание, овие фустани пролетва ќе бидат достапни во богат колорит и шаренло од принтови.

 

Објавено:
19 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.006 пати