Фустани за жени со нагласени облини

23 јуни 2020

Секоја жена најдобро го познава своето тело и со искуството станува свесна за тоа што најдобро ѝ оди во прилог.

Иако стилот е индивидуален и доколку некоја „формула" успева во нечиј имиџ, не значи дека истата ќе функционира и во друг, сепак постојат некои универзални позитивни примери што секој може да ги примени.
Доколку имате нагласени облини, а сте во потрага по соодветни модели на фустани, тогаш може да ги искористите нашите предлози што ќе ви ги посочиме во продолжение, иако секогаш постојат исклучоци.

Генерално кроевите со полежерни ракави и здолнште во опуштена, А линија, со суптилно деколте, се модели што прилегаат речиси на сечија конституција.

Фустаните со дискретно дефиниран струк и со здолниште во широк крој, се уште една варијанта која најчесто успешно функционира.

Фустаните на преклоп со врзување околу струк, како и оние со права линија, се исто така пример за модели што соодветно се прилагодуваат на конституција со нагласени облини.

Секој од овие модели дозволува да се комбинира и со спортски чевли, сандали, кломпи, како и со елегантни, високи потпетици, што ги зголемува и опциите за комбинирање за различнии прилики.

Фото: Popsugar

 

Објавено:
23 јуни 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
683 пати