Асос
Есенската идила сама по себе налага избор на парчиња кои нудат пред се комфорност. Токму затоа, ние ви предлагаме да го збогатите изгледот со фустан со принт, кој одлично се комбинира со балонер и високи чизми, кои се апсолутен хит сезонава. Како и досега, најдоминантни се принтовите со точки и цветните, а новитет е принтот со мачиња, кој дефинитивно се издвојува по својата уникатност.
Манго
Секоја девојка во својот плакар поседува неколку модели на фустани, но кога доаѓа време за спремање, повторно се наметнува истата дилема за поседување на нешто сосема ново и актуелно. Токму затоа, во продолжение погледнете ги моделите на фустани со принтови, кои совршено се вклопуваат во безброј комбинации, односно од комбинација со „bomber“ јакни или капути, така и со чизмите над колена, но и со патики. Изборот е ваш!