Фустанот што ова лето е хит во уличната мода – совршен и за на плажа

28 јули 2020

Подеднакво популарно и во летната улична мода и на плажа, ова модно парче ги има сите карактеристики за вистински летен моден хит.

Се работи за фустан во асиметричен крој, односно со еден волуменозен ракав и нагласена половна, изработен од пријатен материјал што ќе ви обезбеди пријатно чувство преку целиот ден. Стилизиран со карнери, во различни дезени и должини, веќе го гледаме комбиниран во инспиративни стилски изданија на Инстаграм профилите на популарните стилски девојки.

Совршено складен и за вечерни излегувања и за пријатно уживање на плажа, нуди широк спектар на опции за комбинации со високи или ниски потпетици, со апостолки или еспадрили, со сламен шешир или со марама сплетена во коса...

Функцонален во различни прилики.
Еве како може да го комбинирате...

 

Објавено:
28 јули 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.135 пати