Get The Look: Црн плисиран кафтан фустан за впечатлив есенски изглед

24 септември 2021

Ние обожуваме плисе, тоа е еден од оние трендови што веројатно никогаш нема да ни здодеат и што би можеле да го носиме во секое годишно време. 

А овој црн плисиран кафтан фустан од Елена Лука е едно од парчињата кои со задоволство би ги имале во својот гардеробер.

Пријатен за носење, впечатлив за око, безвременски елегантен. Лесно можете да го искомбинирате за различни пригоди.

Широкиот крој го прави универзален, па одлично одговара и на послаби дами, но и оние со некој килограм повеќе, со што од модната куќа создаде парче кое многу жени ќе го обожаваат.

Може да се носи вака како на фотографијата, или пак со некој поширок ремен - сеедно - ќе имате парче во кое ќе измамите погледи.

За да го дополните изгледот, можете да го одберете омилениот модел обувки од есенската колекција, како и некоја од нивните дизајнерски чанти, достапни во пет бои.

 Фустанот е достапен на онлајн продавницата на Елена Лука, како и во ателјето во Капиштец.

Ако сакате да се подновите со нешто несекојдневно и уникатно - недвоумете се, одберете го овој Елена Лука фустан.

 
Објавено:
24 септември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.231 пати