Get the Look by ELENA LUKA: Кошула-фустан со безвременска елеганција што секоја жена ќе го посака

14 октомври 2021

Ако сакате нешто префинето, нежно, женствено и елегантно - овој кошула фустан на ЕЛЕНА ЛУКА го содржи токму тоа.

Со безвременска естетика, ќе биде вашиот омилен избор за деловни пригоди или пак посвечени. Изработен од префинет материјал, кој ја гали вашата кожа и со прав крој, одговара на сите облици на тело.

Панделката во горниот дел пак, ја нагласува елеганцијата и женственоста, што на секоја жена во одредени моменти и е потребно, а ЕЛЕНА ЛУКА го овозможува токму тоа.

Имајќи ја безвременоста за која зборуваме, од брендот го создадоа во пет нијанси, кои ќе ви овозможат нежен, а сепак впечатлив изглед.

Нашиот денешен избор е овој кошула-фустан во црна нијанса, а сите негови варијанти можете да ги видите на онлајн продавница на модната куќа - elenaluka.com и нивните салони во Скопје и Струмица.

Повеќе иинформации можете да добиете и на профилите на ЕЛЕНА ЛУКА на Фејсбук и Инстаграм.

Објавено:
14 октомври 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
717 пати