Get the Look by ELENA LUKA: Одело во кое ќе бидете забележани

12 октомври 2021

Новата работна недела ја започнуваме со комплет идеален за сите деловни жени, но и оние кои сакаат да изгледаат така.

Понекогаш деловната облека може да изгледа монотоно, но домашниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА се погрижи да не биде така.

Во нивната најнова есенска колекција ќе најдете секојдневни тренди комбинации во кои може да се пронајде секоја жена.

Ова одело на ЕЛЕНА ЛУКА, кое воедно е и нашиот предлог до вас, е апсолутен моден погодок. Ги спојува класиката и трендовите, а згора на тоа, доаѓа во црвена впечатлива нијанса, во која дефинитивно ќе оставите впечаток и ќе бидете запаметени.

Панталоните ја следат линијата на телото, додека пак сакото е со ревери и џебови - заедно се комбинација која ќе направи да се чувствувате самоуверено и доминантно, а притоа поради пријатниот материјал од кој е изработено, ќе ви понуди максимална удобност - идеално, зар не?

Освен во црвена, оделото е достапно во уште две бои, па одберете си според вашиот моден сензибилитет. Предност повеќе е што можете многу успешно да го комбинирате со обувките и чантите од нивната последна колекција со уникатен дизајнерски потпис и така имате комплетна комбинација, без да лутате и трошите време не потребно.

Оделото, како и модните додатоци можете да ги најдете на нивната онлајн продавница elenaluka.com, ателјето во Капиштец (Скопје) и она во Струмица. Нека ЕЛЕНА ЛУКА да биде вашиот партнер на патот кон успехот.

Објавено:
12 октомври 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
818 пати
Тагови: 
Елена Лука