Get Тhe Look by ELENA LUKA: Одело за успех со стил

5 октомври 2021

Деловно одело е едно од задолжителните парчиња во гардероберот на секоја активна жена. ЕЛЕНА ЛУКА во есенската колекција има неколку верзии на овој тренд, а нашиот денешен предлог е ова во безвременска црна нијанса.

Зошто да го имате во плакарот?

Панталони што ја следат линијата на телото и сако со ревери и џебови, кои дополнително го красат, се совршен комплет за да оставите одличен впечаток.

Удобно, со крој кој одговара на сечија градба, изработено од квалитетен материјал, ќе биде вашиот избор секогаш кога сакате да изгледате доминантно.

За оние што не ја преферираат црната, ако воопшто има такви, ЕЛЕНА ЛУКА го направија ова одело во уште две бои, на вас е само да ја одберете омилената и заедно со ЕЛЕНА ЛУКА зачекорите кон успехот со стил.

Оделото е достапно на нивната онлајн продавница elenaluka.com, како и во ателјето во Капиштец. За комплетен впечаток, а и доколку сакате да имате нешто што не можете да го најдете на друго место, одберете некој модел од кожените обувки од последната колекција, изработени специјално за модната куќа и комплетирајте ги со чантите со уникатниот дизајнерски патерн на модната куќа.

Повеќе информации можете да добиете и на профитилите на ЕЛЕНА ЛУКА на Фејсбук и Инстаграм

Не губете време да шетате, овде ќе најдете се' на едно место.

Објавено:
5 октомври 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.012 пати