Get The Look by ELENA LUKA: Сет со металик сјај за тренди есенски изглед

29 септември 2021

Tренди и модерна есен со ЕЛЕНА ЛУКА.

Најновата есенска колекција на македонскиот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА изобилува со голем број парчиња кои обединуваат жени од различни возрасти и стилови.

Ние денеска имаме еден совршен предлог за младите и оние кои така се чувствуваат.

Co-ord сетовите се апсолутен светски тренд, а сега ги имаме и со домашен потпис.

Нашиот предлог за овој преоден период е овој сет во кафена нијанса од панталони и јакна изработени од квалитетна органза, која дава металик ефект и во кој ќе бидете забележани.

Па, доколку сакате впечатливи стајлинзи и сте модно храбри, тогаш ова е вистинскиот предлог за вас!

Достапни во неколку бои, овие комплети ќе бидат супер избор за разни комбинации. Одберете ја вашата омилена и зачекорете со стил во есента!

Со последните модели обувки и чантите со уникатен патерн со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА, ќе добиете фантастичен street style аутфит.

Повеќе информации и комбинации можете да најдете на нивните профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и во ателјето во населба Капиштец (Скопје), а тука е секако и нивната онлајн продавница elenaluka.com, со која сте поврзани со ЕЛЕНА ЛУКА од било кое место во светот.

За потсетување, на нивната онлајн продавница, денеска е среќна среда и имаат 20% попуст, па ете уште една причина да ја посетите веднаш.

Објавено:
29 септември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
550 пати
Тагови: 
Елена Лука