Get The Look by ELENA LUKA: Тиролка и палто со асиметрични набори за поинаков есенски изглед

8 октомври 2021

Сакате да покажете елеганција, но и професионален изглед- ЕЛЕНА ЛУКА има одличен предлог за вас.

Оваа тиролка и палто со преклоп и асиметрични набори е одличен комплет за актуелната сезона. Изработен од еко-кожа која е апсолутен хит, ќе ви понуди многу опции.

Поради кројот, горниот дел одговара на различни типови тело, а бојата го прави овој комплет лесно прилагодлив и на други комбинации.

Уште нешто поради што ќе посакате да го имате во својот гардеробер е тоа што есенската колекција на ЕЛЕНА ЛУКА содржи и хеланки, здолниште и блуза кои дополнително можете да ги комбинирате со овие парчиња.

Сите заедно прават целина со безброј комбинации за различни пригоди. Бидете во тренд и покажете дека сакате поинакви дизајнерски парчиња. ЕЛЕНА ЛУКА ви го овозможува тоа.

Дополнително, можете да ги искомбинирате со обувки и чанти од нивната последна колекција модни додатоци.

Парчињата можете да ги најдете на нивната онлајн продавница, како и на профилите на социјалните мрежи - Фејсбук и Инстаграм, а нивниот тим ве очекува и во ателјето во Капиштец (Скопје).

 

Објавено:
8 октомври 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.012 пати
Тагови: 
Елена Лука