Get the Look by ELENA LUKA: Уникатен дизајнерски фустан за романтична есен

19 октомври 2021

Во гардероберот на секоја жена треба да се најде по еден романтичен фустан, а ЕЛЕНА ЛУКА го има вистинскиот избор.

Уникатен фустан со брендирана тантела во предниот дел изработена специјално за ЕЛЕНА ЛУКА, со висок околувратник и во широк крој - совршен спој во кој ќе се чувствувате и ќе изгледате убаво.

Достапен во три нијанси, црна и бела и беж, идеален е за многу пригоди, а поради споменатиот крој и нежниот материјал, одлично ќе ви ги сокрие недостатоците (доколку ги имате) и ќе го истакне само најдоброто, а тоа и се бара, нели?

Можете да го комбинирате со чевли, чизми, сандали - во зависност од пригодата и да бидете уникатна ЕЛЕНА ЛУКА дама, а со самото тоа што можете да го комбинирате буквално со сè, значи дека е идеален не само за есен, туку за секое годишно време.

Во актуелните месеци можете да го носите со високи чизми и кратка јакна.

Не двоумете се, кликнете на elenaluka.com и имајте го овој дизајнерски фустан во вашиот гардеробер, нема да згрешите - ќе го носите долго и секојпат ќе се чувствувате посебно. 

 

 

 

Објавено:
19 октомври 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.015 пати