Get The Look: ЕЛЕНА ЛУКА контрастно одело за модна доминација оваа есен

27 септември 2021

Етаблираниот домашен бренд ЕЛЕНА ЛУКА со сосема нова естетика оваа есен!

Познати по својот уникатен и авангарден стил, од ЕЛЕНА ЛУКА за оваа сезона отидоа чекор повисоко, овозможувајќи им на своите клиенти една свежа колекција во која прават спој на препознатливиот дизајнерски израз и модните трендови.

Една од првите дами која ја презентира моќта на оделото во женска интерпретација е Марлен Дитрих и она што се сметаше за исклучиво машка облека, стана тренд, естетика што жените одлично умеат да ја носат.

Токму тој посакуван моќен и софистициран изглед кој жените го обожуваат, ЕЛЕНА ЛУКА го овозможува и тоа со домашен дизајнерски потпис.

Апсолутен хит од нивната есенска колекција е токму овој триделен комплет составен од палто со дворедно закопчување и ревери со паспули, панталони со права широка ногавица и странична летна и елече, исто така во контрастна комбинација. 

Сакоата со паспули се ретро тренд кој доживеа свое повторно враќање на модната сцена и во овој моден контекст е полн погодок, а за впечатокот придонесува и совршениот избор на материјали и изработка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@elenaluka_official)

Од модната куќа велат дека ова е еден од нивните најбарани модели, што само го потврдува нивниот успех да ги прочитаат потребите на клиентите. Практично, со ретро нота, впечатливо поради широките паспули, оделото ќе ги исполни сите ваши очекувања за трендовски деловен изглед.

Достапни се во црна и бела варијанта, а која и да ја одберете нема да згрешите - ќе покажете апсолутна модна доминација каде и да се појавите.

ЕЛЕНА ЛУКА оди и чекор понатаму на домашната сцена, пласирајќи ја новата колекција преку урбани фотографии, направени надвор од овие граници, разгалувајќи ја публиката со доза на егзотика и желба за мода.

Инаку, брендот веќе одамна освојува интернационални пазари, со присуство преку неколку showroom изложбени салони во повеќе европски градови, а преку онлајн продавницата и нивните ателјеа каде се создаваат custom couture креации, соработува со голем број клиенти и од регионот.

Така, и во овој неизвесен период, домашниот бренд остана присутен на повеќе пазари. Иако основачот, генералниот менаџер и главниот дизајнер на брендот, госпоѓата Елена Пандева, веќе години наназад е сериозно посветена и во градежниот сектор, создавајќи препознатливи и признаени градежни приказни под мотото „Модерни и безбедни градби“, покажа дека ваквиот огромен ангажман сепак не се рефлектира врз работата, квалитетот и присутноста на модниот бренд. Таа покажа дека умее совршено добро да ги менаџира двата сегмента од работењето и не само дома, туку да го шири бизнисот и надвор од државата и да создава модни парчиња кои се рака под рака со светските трендови, за што е доказ и денешниот предлог за модерен изглед.

А кога сме кај дефинирањето на модерниот изглед, оделото можете да го комбинирате и со некој од последните модели обувки на Елена Лука, како и со некој од моделите чанти со уникатен дизајнерски потпис, со што ви овозможуваат да најдете се' што ви е потребно на едно место.

Оделото е достапно во ателјето на модната куќа во Капиштец, како и на нивната онлајн продавница elenaluka.com, а повеќе информации можете да добиете и на нивните профили на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук.

Нивниот тим ве очекува!

 

Објавено:
27 септември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
584 пати