Get the Look: Кошула-фустан + краток кардиган + чизми

19 март 2021

Од утре официјално започнува пролетта. Инспирирани од убавините на ова годишно време, подготвивме предлог комбинација со парчињата од домашниот бренд Елена Лука, кои се како создадени за првите топли и сончеви пролетни денови.

кошула-фустан: 2.100 денари;  кардиган: 1.260 денари;  чизми: 2.520 денари;  чанта: 900 денари; 

 

Комбинацијата е составена од кошула фустан во розово-бела комбинација. Јаката е украсена со украсни камења, во цветни форми, што го прават парчето уште повпечатливо и попривлечно. Одлично стои и со фармерки или хеланки.

Ние го искомбиниравме со краток бел кардиган.

Додадовме ремен-чанта, а комбинацијата ја заокруживме со високи чизми во розова нијанса.

Тренди, нежно, пролетно!

 

Комбинацијата е достапна на онлајн продавницата на Елена Лука, како и во продавниците во ГТЦ, на првиот кат и во населба Аеродром. 

Пролетта може да почне! :)

Објавено:
19 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
559 пати