Get The Look: Кошула фустан + впечатливи модни додатоци

29 март 2021

Со првите сончеви зраци се јавува и желбата да се дотераме и да изгледаме што поубаво. Доколку сте во потрага по парчиња и комбинации исполнети со ведрина и колорит, ние го имаме совршениот предлог за деновите што претстојат, а доаѓа од модната куќа Елена Лука.

Комбинацијата е составена од кошула фустан во бела боја, со детали во сина и црвена боја, кои го прават парчето впечатливо и мошне привлечно. Изработен е од квалитететн материјал, кој во составот содржи и свила, па ќе ви понуди совршена удобност и мекост при носењето.

кошула-фустан: 2.400 денари; ремен: 1.800 денари;  обетки: 1.300 денари; 

Доколку преферирате слоевити комбинации, можете да го искомбинирате со џинс или тексасно здолниште, ќе изгледа подеднакво ефектно.

Ние додадовме црвен ремен со тока во форма на срце, а токму во таков облик се и обетките кои ќе бидат совршен финален моден додаток.

Црвени чевли како во случајов или ако сакате патики или чизми до глужд можат да бидат одличен избор на обувки.

 Комбинацијата можете да ја најдете на онлајн продавницата на Елена Лука, како и во продавниците во ГТЦ на прв кат, односно населба Аеродром.

Објавено:
29 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
421 пати