Get The Look: Здолниште + маица со ролка во нијанса на карамела

23 септември 2021

На стартот од есента, имаме нови предлози за тоа како да се дотерате. Денешниов доаѓа од модната куќа Елена Лука и е дел од нивната најнова колекција за актуелната сезона, сигурни сме дека ќе ви го привлече вниманието.

Кожен комплет составен од ролка со кратки ракави и здолниште што ја следи линијата на телото е класична, но истовремено трендовска комбинација, идеална за бројни прилики. Кожата, односно нејзините еко-верзии ќе доминираат во модните излози и во месеците што ни претстојат.

Ни се допаѓа нијансата на карамела, топла и впечатлива, која секогаш е фаворит во овие денови. Одличен избор е за деловни комбинации, бидејќи е со универзална естетика.

Предноста е што можете парчињата да ги комбинирате и одделно со некои други и е само причина повеќе да го имате во гардероберот. 

За да го дополните изгледот, можете да го одберете омилениот модел обувки од есенската колекција, како и некоја од нивните дизајнерски чанти, достапни во пет бои.

Комплетот е достапен на онлајн продавницата на Елена Лука, како и во ателјето во Капиштец.

 
 
Објавено:
23 септември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
854 пати
Тагови: 
Елена Лука