Градник и сако: Смелиот тренд што произлезе од впечатливите изгледи на Мадона, Иман и Џоди Ватли

23 јуни 2022

За некои смело и атрактивно, за други пак „невкусно" - овој тренд кој комбинира градник и сако без маичка или кошула измеѓу, несомнено прави драстична поделба помеѓу љубителите на модата.

Но овој тренд на градник директно под сако или блејзер не е „топла вода" измислена денес, туку напротив. Како и голем број други трендови на кои сме сведоци, така и овој претставува ехо на модата од 80-тите и 90-тите.

Брук Шилдс на премиерата на филмот „Staying Alive" | Фото: Getty

Можеби ја паметите Брук Шилдс која се појави на премиерата на филмот „Staying Alive" во 1983 година во широк бел блејзер и морнарски градник под него, или пак изгледот на Иман на Hooray For Hollywood's AIDS Benefit во 1988 година.

 Иман на Hooray For Hollywood's AIDS Benefit | Фото: Getty

Иконата Мадона во своето музичкото видео за песната „Vogue", од 1990 година се појави во црн градник и долг црн кадифе блејзерн, а Џоди Ватли носеше црн градник под лелеав жолт блејзер на насловната на нејзиниот албум „Affairs of the Heart" од 1991 година.

Мадона во Vogue | Фото: Getty

 Фото: Getty

И секако, најверојатно ќе се сетите на епизодата од „Seinfeld" од 1996 година, Сју Елен се појавува со црно сако и бел градник, негледајќи ништо необично во тоа.

  Сју Елен во „Seinfeld" | Фото: Getty

Денес, повеќе од било кога, овој начин на комбинирање на долна облека и формално парче облека како што е сакото, станува уште поприфатлив тренд кој директно влиае врз заработката на линиите за долна облека.

Истражувања од 2021 година покажуваат дека глобалната индустрија за долна облека изнесувала 19,28 милијарди долари во 2020 година и се проценува дека ќе достигне 32,00 милијарди долари до 2028 година. Тоа е доволно силен доказ дека популарноста на градникот како модно парче што е многу повеќе од долна облека само расте и ќе продолжи да расте.

Доколку имате желба да го испробате овој тренд на себе и ви е потребна инспирација, разлистајте ја галеријата подолу.

 

Објавено:
23 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
410 пати