Хавајските кошули се враќаат на голема врата

22 јули 2016

Веројатно се сеќавате на познатите хавајски кошули кои момците обожаваа да ги носат пред неколку години, а некои од нив и денеска, кои важеа за огромен хит.

Овој тренд, летово го „присвоија“ и девојките, па така голем дел од high street брендовите во летните колекции сместија слатки модели кои се одличен избор за сите оние кои сакаат да изгледаат впечатливо.

Трендот на хавајските кошули не ги заобиколи ниту големите дизајнерски куќи како Валентино, Ана Суи и Ердем кои претставија малку поинакви, уникатни модели.

Секако неизбежна беше „пижама“ кошулата која беше хит сезоната која измина, но овој пат се враќа во летна варијанта, а истата ни ја нуди модната куќа Ердем.

Брендовите како H & M и Zara си поиграа со тропските принтови на кошулите со едноставен крој кои изгледаат неверојатно тренди во комбинација со темни тесни фармерки или пак куси панталони и здолништа за уживање во летните денови.

Погледнете ја понудата на споменатите брендови погоре во галеријата.

Објавено:
22 јули 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.191 пати