H&M предлага што да носите секој ден од неделата!

28 февруари 2017

Веројатно како и сите други девојки и вие секојдневно имате проблем што да облечете за на работа или пак за прошетка или ручек со пријателите. 

Еден од најпопуларните светски high street брендови H&M има нови супер парчиња што ги предлага за секој ден од неделата. 

Дизајнерите на брендот создадоа седум супер комбинации составени од навистина впечатливи парчиња кои се совршени за разни пригоди, па дури и за на работа ако немате некој определен дрес код. 

Она што е супер и на што знаеме дека ќе се израдувате е тоа што во речиси секоја комбинација има вметнато џинс со супер блузони, лежерни џемперчиња, нежни кошули и кимона, но и тренди тексас јакни и палта. 

Кај комбинациите ќе забележите и многу нови и интересни трендови како тантелни блузички под спортските блузони, едноставни маички на куси ракави со класично палто и многу други. 

Секој чифт фармерки раскажува приказна за себе, а ние веруваме дека во нивната супер понуда и вие ќе го најдете вашиот фаворит.

Објавено:
28 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.767 пати