И оваа пролет носиме тантела

12 февруари 2019

Веќе сезони наназад популарноста на тантелата не се намалува. Така ќе биде и во претстојната пролетна сезона. Ако ги следиме пролетните и ресорт колекциите на дизајнерите (од Ели Сааб, преку Лела Роуз до Александар Меквин) за 2019 година, парчињата од тантела се дефинитивно едни од доминантните. 

Сето тоа го применија и уличните брендови, па и во нивната понуда тантелните парчиња го имаат почесното место.

Ако сте љубител на винтиџ и романтична естетика, тогаш сигурно се израдувавте на оваа вест. Од друга страна ако се прашувате како да ја носите, уште една вест е дека ништо значајно не се менува.

Нежните фустани од тантела со впечатливи ремени ќе бидат повторно „ин“, блузи од тантела во различен крој. Здолништа од тантела ќе се носат во најразлични варијанти - од долги, преку миди до мини, со класични кошули, транспарентни блузи, подебели блузи...

За разлика од претходните бои, кога доминираа шарени и богати тантели, оваа пролет ќе им се даде предност на понежните, едноставни и еднобојни.

Посебно ќе бидат популарни винтиџ тантелите, што ги носевме како деца.

Во продолжение погледнете ги фотографиите и инспирирајте се:

 

Објавено:
12 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.862 пати