Инспирација: Блогерката Александра Трпеска во ултра тренди портокалов блејзер на Елена Лука

12 септември 2019

Во пресрет на новата сезона, светските модни медиуми ја презентираа есенската палета бои, а очекувано, портокаловата ќе биде една од водечките нијанси. 

Токму во таква нијанса е и широкиот блејзер од модниот бренд Елена Лука (@elenaluka_official), ултра популарно парче кое веќе неколку сезони наназад е на врвот на листите на трендови.

Блогерката Александра Трпевска (@majestic.at) блејзерот во оваа впечатлива нијанса, со ревери и дворедно закопчување на средината, го носи во комбинација со бел кус шорц исто така со потпис од модната куќа и патики.

Изгледот го заокружува со златни синџирести обетки и црвен впечатлив кармин. 

Ова е одлична инспирација за сите што сакаат да ги носат трендовите урбано, малку поинаку и похрабро.

 
 
 
View this post on Instagram

@majestic.at slaying @elenaluka_official @elenaluka_private blazer . . #elenaluka #blazer #suit #event

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk) onSep 12, 2019 at 2:12am PDT

 

Секако, ова модно парче е супер избор и за свечен стајлинг, па можете истава комбинација да ја заокружите на пример со сандали на ремче или пак, шорцевите да ги замените со панталони.

Парчето е достапно во ателјеата на Елена Лука, како и онлајн и е совршен избор за многу комбинации за претстојните месеци, па недвоумете се да го имате во својот гардеробер.

 

Објавено:
12 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.386 пати