Инспирација: Тренди комбинации со бела маица

14 јуни 2021

Бела маица е од оние „basic“ парчиња што не само што треба да се имаат во гардероберот, туку треба да се има и во повеќе примероци.

Одлична е за комбинации - спортски, деловни, па дури и во некои посвечени варијанти.

Со џинс, здолништа, панталони, одела, маицата навистина во секое годишно време може да најде широка примена.

Но, со оглед на тоа дека наскоро ќе ни пристигне летото, барем календарски, бидејќи температурите не потсетуваат на лето, во продолжение ќе видите неколку предлози за тоа како да ја вклучите белата маица во тренди комбинации. Со натпис, принт, кратка или долга, или наједноставна бела - имајте макар по една од сите верзии.

Сигурни сме дека ќе ви се најдат како одлична инспирација.

 

Објавено:
14 јуни 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.534 пати
Тагови: 
бела маица