Инспиративна урбана мода на улиците во Сиднеј

16 мај 2019

Деновиве улиците на Сиднеј се особено модерни, тренди и инспиративни за сите модно освестени жени. Во тек е традиционалната Модна недела каде се прикажуваат новите дизајнерски ресорт колекции, а претпоставувате дека гостите на ревиите се ултра дотерани и токму тие придонесуваат за возбудливоста на улиците на Сиднеј.

Откако ќа ја разлистате нашата фото галерија со фотографии од тамошната актуелна улична мода, ќе забележите дека австралијките оваа сезона се вљубени во предимензонираните дводелни костуми, што и најмногу домнираат. Ама покрај нив, се носат и женствени макси фустани, кошули со голи рамена, здолништа со висок струк и модни додатоци во интензивн бои и принтови.

Инспирирајте се и вие...

Фото: Vogue

 

Објавено:
16 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
792 пати