Инспиративни комбинации во бели и црни нијанси

23 август 2014

Постојат две работи кои со сигурност не само блогерите, туку и дамите едноставно ги обожаваат, а тоа се комбинациите во црно-бели нијанси. Монохроматските прекршувања не само на боите туку и инвентивноста во однос на кројот на моделите не водат кон класиката која за многумина е сигурна варијанта со која ќе победат во било кој моден предизвик. За да ве инспирираме и ви го олесниме изборот на креација за викендов, но и за претстојната работна недела ви нудиме избор на неколку различни модни мозаици кои во преден план се одликуваат со едноставна структура и се сведуваат на две бои црна и бела.

Она што навистина е убаво во црно-белите парчиња облека е дека секогаш можете да ги комбинирате со други и тие совршено ќе се вклопат. Дел од нив се дефинирани и како безвременски како што е случајот со маичката во пруги. Истото се однесува и на накитот, модните додатоци и чевлите без разлика дали се на потпетица или рамни. Изборот е голем, а вие треба храбро да ја одберете соодветната варијанта во која ќе се чувствувате пријатно, секси, урбано и елегантно. Уживајте во фотографиите и одговорете на предизвикот.

Објавено:
23 август 2014
Категорија: 
Тренд