Инспиративни слоевити комбинации

30 септември 2016

Една од најпопуларните модни игри е секако слоевитото комбинирање на облеката. Ваквиот стил на облекување има едно основно правило: синхронизирани пропорции и текстури.

Идеални се за преодни сезони, како актуелнава, но и кога температурите се пониски.

Базата на секоја слоевита комбинација се класичните парчиња кои секогаш може да ги збогатите со модни додатоци како марама, шал или накит. Кардигани, лелеави фустани, кошули што може да ги носите раскопчани, џинс јакни, се само дел од парчињата што може да ви послужат како дополнителен „слој" во вашиот слоевит стајлинг.

Во продолжение селектиравме неколку инспиративни слоевити аутфити.

 

Објавено:
30 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.173 пати