Инспиративни зимски комбинации од уличната мода

21 декември 2017

Стилската разноликост на модните улици оваа зима е евидентна. Естетиката варира од спортска и кежуал, што вклучува неформални, предимензионирани, слоевито комбинирани парчиња, па се до елегантни, женствени и романтични аутфити.

Неретко се комбинираат и лесни – пролетни парчиња облека со дебели и топли зимски капути, па затоа лелеавиот цветен фустан што се носеше во текот на летото, сѐ уште е актуелен во уличната мода, овој пат комбиниран со чизми над колена и палто од волна.

Ако ги следиме „правилата" на актуелната улична мода, тогаш секогаш при рака треба да ви бидат: долгиот плетен џемпер, предимензионираниот шал, чизмите до глужд и оние над колена, капутот со прав крој, како и беретките што оваа сезона се меѓу најактуелните модни додатоци.

Доза инспирација во фото галеријата во продолжение.

Фото извор: Pinterest, Instagram

 

Објавено:
21 декември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.160 пати