Инстаграм мода: 20 шик деловни комбинации за летово

23 јули 2019

Што носат стилските деловни жени ова лето? Одговор побаравме на Инстаграм...

За повеќето од нас предизвик е за време на најтоплите летни денови, да се облечеме впечатливо и шик, а истовремено тоа да не е на штета на нашата удобност и пријатното чувство во сопствената кожа.
Сепак, за продуктивноста на работното место значаен фактор е и самодовербата и комфорот во „сопствените чевли".

Затоа вреди да се посвети внимание на изборот на деловни летни комбинации. Принцип што ќе ни ги поедностави секојдневните „проблеми" околу прашањето: што да облечам?, е да имате во предвид неколку базични парчиња облека. Во оваа категорија секогаш ќе ги сместиме: белата кошула изработена од пријатен материјал, широките панталони со висок струк, кошула-фустанот, дводелното одело од лен, макси или миди фустанот...

Еве како деловните дами на Инстаграм, умешно се справуваат со предизвикот: шик, а удобен летен деловен изглед.

Објавено:
23 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.471 пати