Инстаграм стил: Блогерката која на забава носи џинс, бела кошула и црвен кармин и изгледа кул

30 март 2022

Џесика Скај е модна блогерка, соработник на популарната модна платформа whowhatwear.uk со над 120 илјади следбеници на Инстаграм.

Тоа што ни се допаѓа во нејзиниот стил е нејзината ненаметливост, сведената естетика, а сепак толку приметлива и допадлива.

Едноставно таа е девојката на забавата облечена во џинс, бела кошула и црвен кармин и токму таква го има целото внимание на себе.

Како што ќе потенцира во едно интервју, сака да купува парчиња кои се елегантни и не зависат од актуелните трендови, а притоа ќе може да ги комбинира со веќе постоечките парчиња во нејзиниот гардеробер.

Затоа, на нејзините фотографии на Инстаграм ќе забележите како доминираат „basic" парчиња облека: елегантни панталони, џинс, кошули, блејзери, макси фустани...

Во различни сезони комбинира исти парчиња, но на различен начин. Во тоа е нејзината умешност.

Не експериментира премногу со бои, палетата во нејзиниот стил претежно е ограничена на основните бела и црна, а помеѓу и неколку беж и пастелни нијанси.

Смирена, софистицирани, а сепак секси.

Доколку преферирате ваково стилско расположение, ѕирнете ги фотографиите во продолжение за дополнителна инспирација.

 

Објавено:
30 март 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.632 пати