Инстаграм тренд: Серијата „Бриџертон“ ги врати во мода винтиџ сетовите за чај

26 јануари 2021

Серијата „Бриџертон“ во продукција на Нетфлик моментално доживува неверојатен светски успех. Вечните романтичари ја следат трагајќи по убава љубовна приказна, модните критичари поради гардеробата која крена вистинска прашина во модниот свет, а останатите веројатно поради љубопитност и држење чекор со актуелните трендови.

 Дејството во серијата е сместено во 1813 година. Гардеробата веќе предизвика вистинска експлозија со сите тие костими, корсети, деколтеа, принтови и везови па голем дел од актуелната недела на висока мода наликува токму на бал од „Бриџертон“ (Само погледнете ја најновата колекција на Диор).

Но, покрај модна инспирација, „Бриџертон“ послужи и како инспирација за еден малку необичен Инстаграм тренд: Сетови за чај и чајници!

Добро прочитавте, романтичната серија ги инспирираше креативните љубители на драмата да ги разубават своите Инстаграм профили, па на социјалната мрежа се појавуваат сѐ повеќе фотографии од преубави винтиџ чајници. Со цветови, точки, бордури и позлатени детали, чајниците и малите шолји ги уживаат своите 5 минути во дигиталното доба.

Останува само да ја тргнете правта од некој стар креденец кај баба, да го најдете најцветниот сет за чај кој го поседува таа, па во исчекување на новата сезона на серијата, да уживате во топол чај и атмосферата да ја пренесете на Инстаграм.  

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@antique_r_us)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emi Isa (@salizisa)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by She’s Parisian (@shesparisian)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Debby (@shabbyqueen)

Објавено:
26 јануари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
731 пати