Искусете тропска авантура со парчињата на Weekend Max Mara

23 март 2017

Топлите денови се секогаш поубави кога имаме парчиња во кои може да уживаме и истовремено да се чувствуваме ултра модерно.

Со оглед на тоа што температурите во градот за многу кратко време го достигнаа својот максимум за ова време од годината, веројатно паметно е веќе да почнете да се подготвувате за долгото, топло лето.

А за какво лето говориме доколку во плакарот немате некои парчиња со принт што неодоливо потсетуваат на најтоплото место на светот – магичната Африка!

Ако не сте вљубеничка во минимализмот, тогаш ја гледате најдобрата инспирација за комбинација со принт на која сте биле сведоци во последно време.

Оваа комбинација од Weekend Max Mara е всушност онаа поради која веднаш штом ја напуштите комфорната зона ќе бидете супер впечатлива и ќе предизвикате насмевки кај сите кои ќе ви се најдат на патот.

Во истата, ги вметнавме задолжителните шик панталони за претстојната сезона со принт во кој знаеме дека ќе се заљубите и ги комбиниравме со едноставна бела маичка направена од супер нежен материјал.

Истите ги носиме со кафени сандали на висока пета во крем нијанса и впечатлив ѓердан што неодоливо потсетува на оние изработени со љубов во африканските племиња.

За уште повпечатлив изглед, оваа фантастична свилена марама со подеднакво интересен принт носете ја како турбан на главата со што ќе и дадете уште една шик тропска димензија на целата комбинација.

Бидете девојка со сопствен и уникатен стил летото што доаѓа со парчињата на секогаш шармантните Weekend Max Mara каде можете да ги најдете и сите што ги гледате на фотографиите.

Објавено:
23 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
437 пати