Ист фустан на две различни градби на тело: Две другарки докажуваат дека стилот е поважен од величината

4 август 2022

Дениз Мерцедес Марте и Марија Кастеланос, две пријателки кои се запознале пред 7 години преку нивните партнери, станаа вистински хит на социјалните мрежи, особено по нивните модни видеа на TikTok.

Она што ги одвојува од останатите креатори на слична модна содржина е тоа што овие две девојки, кои очигледно имаат сосема различни форми на тело, носат ист фустан и позираат со цел да докажат дека нивниот стил е многу поважен од нивната величина.

Кога другарките за прв пат во 2019 година објавија видео на Инстаграм каде и двете носат ист пар на бикини на плажа, тие не очекуваа дека нивната објава ќе наиде на лавина од позитивни коментари.

Па така, Марте наскоро ѝ се приклучи на платформата на TikTok и заедно со Кастеланост одлучија да продолжат да објавуваат видеа каде и двете ќе бидат облечени во исто. Сега, тие објавуваат користејќи го хаштагот #stylenotsize.

Во интервју за Vogue, девојките откриваат дека е исклучително тешко да се најдат парчиња облека кои доаѓаат во повеќе различни величини и одговараат на повеќе типови на тело. Па затоа тие се одлучуваат да работат со инклузивни брендови, како ASOS, кои им овозможуваат дури и на нивните следачи да ги најдат парчињата што им се допаѓаат во повеќе различни величини.

- Всушност е доста тешко да се најдат парчиња. Не многу брендови вклучуваат големини броеви. - открива Кастеланос. - Потребно ни е многу време да најдеме нешто што ни се допаѓа и нешто што секој ќе може да го носи. Бараме неутрални бои за секој тон на кожа, еластични материјали и квалитет.

Објавено:
4 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.416 пати