Кафтан не е само за плажа – 20 начини како го носиме во летното секојдневие

19 јуни 2023

Едно од оние парчиња кои се препознатливи за лето и без кои летната сезона не поминува...

Кафтанот со својата лежерна естетика е совршеното парче во кое опуштено ќе ги поминете деновите на плажа, но не е исклучен ниту од секојдневната мода во текот на целата летна сезона.

Широкиот крој дозволува безброј начини на комбинирање, од опуштени летни аутфити во комбинација со бермуди или широки ленени панталони, до варијанти на кафтан-фустан со нагласен струк со ремен во дамски изданија.

Слободата на комбинирање се однесува на и богатиот избор на бои, дезени и принтови кои со своето шаренило и егзотика ќе ни го разгираат секојдневието дури и кога не сме на плажа.

Предлагамe 20 комбинации како свежа инспирација.

Фото: Пинтерест

 

 

Објавено:
19 јуни 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.576 пати