Како би звучеле дизајнерските имиња со шпански акцент?

2 декември 2013

Кога модата добро ќе ја концепирате со интелегентен хумор, тогаш се е позабавно. Двајца њујорчани со шпанско потекло реализирале една таква хумористична идеја кој ни изгледа многу симпатично. Имено, Gabriel Rivera-Barraza моден консултант и Simon Guindi Cohen, основачот на креативната лабораторија Spenligsh, направиле лимитирана колекција на маички по кратки ракави со натписи на познатите дизајнерски имиња, ама во една поинкава „шпанска“ верзија.

Па така, Александар Меквин го читаме како Alejandro McReina, Жан Пол Готје се реименува во Juan-Pablo Gutierrez, Коко Шанел ја редефинирале во Coco Canales, додека Ив Сен Лоран е потпишан како Isidro San Lorenzo.

Објавено:
2 декември 2013
Категорија: 
Тренд