Есента е сезона на мантили.
Секоја комбинација во оваа сезона заслужува квалитетен и стилски мантил, што ќе соодвествува на вашиот имиџ.
Затоа ова есенско парче го заслужува вашето внимание и е секогаш вредно за инвестиција.
Наш предлог за „must have" мантил за оваа сезона е уникатен модел од актуелната колекција на Елена Лука. Се работи за макси мантил во кафена нијанса, во широк крој, навезен со апликации што дополнително ја потенцираат неговата естетска автентичност.
Нашата позната модна блогерка Ангела Ѓоргиева го комбинираше во лежерно, но исклучително шармантно дневно издание, со џинс и романтична кошула и со чизми до глужд во каубојски стил, исто така од актуелната колекција на нашиот реномиран бренд.
Овој тип на мантил одлично функционира и во урбан, но и во елегантен и деловен изглед, па може да го имате во предвид за различни стилски солуции.
Може да го најдете во продажба во ателјеата на Елена Лука или во онлајн продажба на е-продавницата.