Од бројните трендови кои ќе ги просведочиме оваа сезона, можеме со сигурност да потврдиме дека панталоните од еко-кожа се вбројуваат помеѓу најдоминантните.
Кожните панталони ниту оддалеку не се новитет во модната сфера, но бројот на различни модели, бои и начини на стилизирање растат од година в година.
Фото: Pinterest
Па така, оваа есен ќе бидеме сведоци на комбинации кои вклучуваат кожни панталони во црна и бела боја, но и класичната неутрална и земјена есенска палета на бои, вклучувајќи бордо, зелена, сива, кафена, портокалова и беж.
Фото: Pinterest
Покрај најпопуларниот модел на тесни кожни панталони кои се припиваат до телото и ја отцртуваат линија на ногата, оваа година сме сведоци и на поинакви модели на панталони од еко-кожа. Тука се кожните карго панталони, формалната силуета на панталона, како и панталони со жироки ногавици и ремен кој се врзува околу половината.
Фото: Pinterest
Кожните панталони изгледаат одлично во спој со кошули, елегантни топови, памучни маички, но исто така и со предимензионирани плетени џемпери, блејзери, есенски палта и мантили. Совршено се комбинираат со чизми до колена, чизми до глуждови, мокасини, салонки, но и патики.
Фото: Pinterest
Денешната широка палета на избор на панталони од еко-кожа несомнено нуди бројни опции за креирање комбинации, а дел од нив ние денес ќе споделиме со вас.
Фото: Pinterest