Како да ја комбинирате омилената „oversized“ џинс јакна

21 септември 2016

Речиси не постои генерација која не пораснала во џинс. Независно од трендовите, џинсот останува сведок на сите промени што се случуваат во модниот свет.

Покрај џинсот со висок струк и џинс-килотите, периодов особено се актуелни и „oversized" џинс јакните кои свое приоритетно место имаат во уличната мода.

Формулата „џинс со џинс" е секогаш одлична варијанта доколку размислувате како да ја комбинирате вашата омилена предимензионирана џинс јакна. Па така комбинацијата со искинати или „boyfriend" фармерки или со џинс комбинизони или здолниште е секогаш добитна.

Но, „oversized" џинс јакната е совршено компатибилна дури и во посвечени аутфити со романтични тантелни или флорални фустани, а може да ја комбинирате и во омилените повеќеслојни есенски изгледи заедно со кошула-фустан и чизми до глужд на дебела потпетица.

 

Објавено:
21 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.896 пати