Како да комбинирате бела маица

5 мај 2014

White-T-shirt-10

Едно од најосновните а воедно и најпрактични и најпосакувани парчиња во гардероберот на една жена е обичната памучна маица. Во деновите кога „немате што да облечете“, ова парче е вистински спас, особено бидејќи лесно се адаптира од секојдневна во вечерна комбинација.

Затоа, во продолжение ви даваме неколку предлози за тоа на кои начини можете да ја искомбинирате, а со тоа и да добиете идеја повеќе.

-Бела маица со парчиња од кожа

08fefde5334d148cce20b094dfda1e57

Препознатливиот рокерски дух со акцент на елеганција ќе постигнете со комбинирање на бела маица со кожени панталони. На оваа комбинација додадете и црно сако и високи потпетици. Ова е одлична комбинација за вечерно излегување

-Бела маица и џинс

lauren_conrad_accessory_que

Оваа сезона се врати „испраниот“ џинс карактеристичен за 1980-тите. Во комбинација со миди тексасно здолниште, комбинезон или било кој модел од џинс, белата маица ќе се вклопи совршено. Така, истовремено ќе добиете тренди и лежерен изглед. На маица и фармерки, ако додадете и сако, ќе добиете елегантна нота.

-Бела маица и принт

White-T-shirt-13

На основните парчиња облека со шарени и интересни принтови, едноставната бела маица ќе овозможи противтежа. Впечатлив изглед ќе постигнете ако ја искомбинирате со шарено одело, макси здолниште, широки панталони или јакна.

-Бела маица со пастелни здолништа и куси панталончиња

bela-maica

Една од најчестите летни комбинации се токму овие. Во комбинација со сандали на потпетица се одлични за вечерни излегувања, додека пак со патики или балетанки во нив можете да го поминете денот. Одлична комбинација и доколку сте дел од некој музички фестивал, а изгледот можете да го надополните со модни детали како марами, ремени и слично.

-Бела маица и кошула

60945290-zena-bijela-majica-guliverthinkstock

Комбинација што не познава граници и трае со години. Носењето џинс врз џинс е мошне популарно сега, но некогаш знае да биде и незгодно за комбинирање, но белата маица совршено ја смирува оваа комбинација.

Објавено:
5 мај 2014
Категорија: 
Тренд