Кожените панталони се интересен избор доколку сакате да постигнете впечатлив стајлинг во различни пригоди. Ги носат и жени што преферираат романтичен или елегантен изглед и жени со алтернативен имиџ. Комплетната слика, секако зависи од тоа како ќе се комбинираат.
Во спортско издание, тесните кожени панталони ги комбинираме со патики, плетен џемпер или маичка во пруги и предимензиониран капут.
Но, доколку сакате да постигнете елегантен ефект, тогаш патиките ги заменуваме со високи потпетици, надополнуваме со женствена, транспарентна кошула со принт, суптилен накит и подготвени сме за коктел забава.
Ако кожените панталони се вашето омилено сезонско парче, а немате идеја како да ги комбинирате, ќе ви помогнеме со изборот во продолжение:
Фото извор: Пинтерест, Инстаграм