Класика која секому добро му прилега и е сигурен избор – монохроматски комбинации во бело.
Особено во зима, праќа порака со стилска симболика и ја надополнува грациозноста на сезоната.
Има некоја посебна елеганција во целосно белите комбинации, која големи дизајнерски имиња како Алберта Ферети, Стела Мекартни, Изабел Марант или Мајкл Корс, одамна ја препознале и често ја применуваат во концептот на своите колекции, свесни за нивната безвременска атрактивност.
На себе често ја носеа и носат, стилски влијателни дами, модни икони од Џеки Кенеди, Одри Хепберн до Меланија Трамп и Кејт Бланшет.
Чистина и сведеност, ведра визулена порака и изглед што лесно ја наоѓа својата функција во сечиј стил.
Универзално допадлива!
Затоа, интересот и фокусот кон ваков стил на комбинации во уличната мода, секогаш се присутни.
Основата е бела, но може да размислите и на акцентирање преку еклектични детали или такви што ќе додадат слоевитост во изразот преку примена на дизајни изработени од впечатливи ткаенини или плетенини.
Издвоивме неколку мотивирачки идеи од модните писти и од атрактивната светска улична мода.
Фото: Пинтерест