Како носиме тантела во секојдневниот стил...

16 јуни 2018

Иако првото доживување на раскошната тантела се однесува на свечен изглед со нагласен луксузен тон, сепак постојат едноставни варијанти што може да ги комбинираме дури и во нашиот секојдневен стил, се разбира секогаш кога околностите ни дозволуваат.

High street брендовите веќе неколку сезони наназад најдоа начин како успешно да комбинираат тантела во својата сезонска понуда, па овој материјал неретко е застапен во нивните колекции и тоа од деловни до спортски парчиња.

Така се почесто во уличната мода и во секојдневниот изглед се застапени тантелните парчиња или пак декоративни елементи од тантела аплицирани во различни фазони на парчињата од џинс, памук, свила итн...

Ова лето носиме мини, миди и макси фустани од тантела, а ги комбинираме со еспадрили, патики, отворени сандали или високи потпетици, во зависност од пригодата.

Покрај фустаните, кошулите и маичките од тантела, комбинирани со џинс се омилениот спој за преку ден.
Ако на овој аутфит додадеме и сламен шешир и плетена чанта, имаме вистински летен хит во нашиот секојдневен изглед за оваа сезона.

 

Објавено:
16 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
848 пати