Како се носат кожените фустани оваа сезона во уличната мода?

7 октомври 2020

Уличната мода е огледало на најпопуларните трендови.

Во таа насока, токму улиците на светските метрополи се репер за тоа кои парчиња се омилени кај модерните девојки.

Одговорот за оваа есен е: кожените фустани.

Во комотни и широки модели, со миди или макси должина,во класична црна и беж или во колорит што ја напушта „комфорната зона", фустаните изработени од еко-кожа оваа есен наголемо се враќаат на модната сцена.

Изборот како да ги комбинирате e мотивирачки дури и за оние кои не преферираат парчиња изработени од еко-кожа.

Во спој со елегантна бела кошула, топол џемпер, миди капут, со мото чизми или елегантн салонки, со ролка или обична маичка (доколку фустанот е на прерамки), можностите за бирање се бројни.

Дел од нив споделуваме преку фотографиите во продолжение.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
7 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.020 пати