Како се носи новата колекција на H&M во уличната мода

18 септември 2019

Новата колекција на H&M веќе ги освојува модните улици.а парчињата од оваа колекција се како созададени за светот на уличната мода.

Под хаштагот #HMXME ќе ги најдете уличните изданија на комбинациите со парчиња од новата линија на шведскиот гигант во соработка со брендот на познатиот дизајнер Ричард Алан, препознатлив по еклектичните принтови.

Притоа разгледувајќи ги фотографиите може да добиете претстава како изгледаат исти модели од колекцијата на различна телесна конституција и комбинирани во различни индивидуални изданија.

Меѓу најпопуларните парчиња, судејќи според досегашните објави под #HMXME, е макси фустанот на долги ракави со црно-златниот препознатлив принт. Но, не помалку актуелни се и кошулите, здолништата, како и припиените комбинезони, сите со ултра впечатливи принтови.

Фото: Инстаграм

Објавено:
18 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.694 пати