Симон Порте Жакемус во 2010 се доселил во Париз за да студира на факултетот за моден дизајнкој за само неколку месеци го напуштил.

Тој воопшто не очекувал дека за неколку години неговата колекција ќе стане ултра популарна и дека една шапка од истата ќе биде омилениот летен моден додаток.

Денеска, креации со потпис на дизајнерот носат светски познатите ѕвезди како Пенелопе Круз, Бела Хадид, Кендал Џенер, Дуа Липа и принцезата Лала од Мароко, за што тој ќе каже дека е екстремно благодарен.

Веројатно и вие досега сте ја погледнале неговата највпечатлива креација, волуменозната сламена шапка која преку ноќ стана вирален хит на социјалните мрежи и истата беше искористена за безбројни модни едиторијали.

Веќе пишувавме дека познатата данска манекенка Ема Лет ја искористи шапката како дел од нејзиниот стајлинг на свадбата, а и многу други модели ја вклопија во нивните летни стајлинзи.

Оваа шапка веќе неколку пати е ставена на продажба и распродадена за само неколу часа, но истата можете да ја набавите онлајн на страната на брендот.

Она што е интересно е дека оваа шапка е исклучително тешко да се смести во куфер и да се премести од едно на друго место, но сепак, девојките наоѓаат начин и ја купуваат.

Во галеријата погоре погледнете некои од највпечатливите стајлинзи во кои популарните девојки ја сместија оваа екстремно популарна шапка која е на првото место летово кога се модните додатоци во прашање?

Извор; Buro 24/7

Фото: Instagram 

Објавено:
22 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
293 пати