Џинсот никогаш не излегува од мода! Затоа и оваа пролет ќе биде актуелен. Џинс на џинс, односно комбинирањето на повеќе парчиња од овој материјал е само еден од трендови. Тексасот пак во боја полека ја губи својата актуелност, иако и оваа сезона можеби ќе видиме уште некое парче во неутрални нијанси како црна или сива, додека интензивните како жолта, зелена, виолетова и слично, ќе бидат реткост.
Затоа, ако сте со мисла да си купите нови фармерки кои ќе бидат во тренд, важно е да бидат од син џинс, додека нијансата на сина и обликот на ногавиците е помалку важен. Оваа сезона поголемиот број од големите брендови најави враќање на „искинатите“ фармерки како и капри и оние со широки ногавици.
Тесните модели пак и понатаму ќе бидат во врвот, иако за пролет 2014 не се препорачуваат едноставните, туку избледени или искинати.