Какви фамерки ќе носиме претстојнава сезона?

17 август 2017

После големите летни попусти и одмори, следуваат новите есенски колекции, а со тоа и нов список за шопинг.

А на тој список веруваме дека едно од задолжителните парчиња се и фармерките. Веројатно сте се запрашале какви фармерки да си купите.

фото извор: popsugar.com

Што се однесува до трендовите кога е џинсот во прашање, добрата вест е дека не мора да се збогувате со сите што ги купивте лани (не морате секако, но тука мислиме на оние што сакаат да бидат сосема во тренд).

Скинатиот џинс како тренд ќе се задржи и претстојната сезона, како и тесните фармерки.

Сепак, за да не откриваме сè, во продолжение погледнете ја листата на кроеви и модели на џинс што ќе бидат актуелни во есенската сезона:

 

Ѕвонарки и тоа искинати

Ѕвонарките веќе неколку сезони срамежливо опстојуваат на модната сцена. Ќе бидат застапени и оваа есен. Покрај класичните кроеви со блага ѕвонарка, мошне актуелни ќе бидат и оние со широки ногавици, како и комбинација на широка ногавица и искинат џинс. Доброто кај овој тренд е што речиси сите можат да го носат, без разлика на тоа каква градба имате. Супер изгледаат во комбинација со високи потпетици. Доколку досега не сте носеле вакви и не сте сигурни што и дали ќе ви одговара на стилот и градбата, тогаш консултирајте се со стручно лице и лесно ќе го пронајдете решението.

 

Фармерки со подвиткани ногавици

Не е дека досега не сме ги носеле фармерките вака, но последните сезони најчесто подвитканите ногавици ги гледавме на т.н. boyfriend фармерки. Сега пак, тоа ќе биде практика и кај потесните, односно построги кроеви, исто како и кај широките. Како додаток на ова се украсите како бисери, везови и слично, што од горните делови ќе се префрлат токму на подвитканиот дел.

 

Рамни, тесни фармерки

Тесни да, но не вакумирано тесни. Тоа сакаат да ни порачаат модните инсајдери кога се трендовите за претстојната есен во прашање. Така, моделот за кој зборуваме во продавниците ќе биде означен како straight skinny.Во горниот дел ја следат линијата на телото, но од колената надолу се со рамен крој. Ако имате кратки нозе, тогаш задолжително бирајте такви со висок струк, бидејќи на тој начин ќе си помогнете во визуелно издолжување на долните екстремитети.

 

Искинати фармерки со рамен крој

Всушност, ова е варијација на тема. Со тоа што овде ногавицата уште од бедрата па до глуждовите е поширока. Ако немате идеја, можете да се инспирирате и од 70-тите, бидејќи и тогаш беа актуелни. Супер одат со некој интересен џемпер или блуза и обувки на потпетица.

 

Фармерки со супер широки ногавици

Ако не ги сакате ниту ѕвонарките, а ниту рамниот крој, туку имате потреба за нешто повеќе, тогаш фармерките со супер широки ногавици се она што ви е потребно. Исто така, ако сакате нешто ново да пробате, одлучете се токму за овој крој. Благодарен е за комбинирање, а исто така совршен за речиси сите (иако кај оние ниските и со куси нозе можат да создадат и контра ефект, затоа е најдобро да се проба и да се консултира со стручно лице. Не купувајте по секоја цена!). Ова е всушност, само уште еден ретро тренд што се враќа на модната сцена.

 

Како ви се допаѓаат трендовите за претстојната сезона?

Објавено:
17 август 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.844 пати
Извор: 
elle.rs