Какви костими за капење ќе носиме летово?

7 јуни 2021

После година ипол поминати дома и во пандемија, веруваме дека желбата за летен одмор кај повеќето е поголема од било кога.

И додека ја дотерувате формата за плажа или пак дефинитивно сте се одлучиле да не се заморувате со тоа како изгледате, веројатно размислувате и за тоа со каков костим за капење да се подновите.

Ние направивме листа од топ 10 тренди модели за месеците кои ни претстојат, па се надеваме дека ова ќе ви го олесни изборот и ќе ве насочи што да барате.

И пред да ги погледнете, да напоменеме дека едноделните костими за капење убедливо водат оваа сезона пред бикините.

Што преферирате вие повеќе?

 

 

Црн костим за капење - Совршени за оние што не сакаат многу да експериментираат и да се заморуваат. Многумина го избираат бидејќи изгледа совршено на потемнета кожа. 


Костими за капење со карнери - Убав избор за оние што сакаат романтична естетика, имаат мали гради или пак едноставно не сакаат досадни и едноставни модели.


Карирани костими за капење - Карираните дезени од облека се префрлија и на костимите за капење, идеални за оние што сакаат ретро и винтиџ стил.


Релјефни костими за капење - Костимите за капење со материјал кој има текстура се идеални за оние што сакаат визуелно да додадат облини.


Костими за капење со животински принт - Уште една модна класика за љубителите на смелите принтови и истакнувањето на сексапилот.


Бикини со висок струк - За некого бапски, за други совршен модел за сокривање стомак. И ако спаѓате во втората група, тогаш не двоумете се, апсолутен хит се, а воедно ќе направат да се чувствувате поубаво на плажа.


Асиметрични модели или со интересни “сечени“ делови - Убав избор за оние што сакаат смела естетика, работеле на своето тело изминатиот период и што сакаат сега тоа да го истакнат. 


Цветни костими за капење - За оние што не можат да си ја замислат сезоната пролет-лето без цветен принт, кој да бидеме искрени привлекува внимание и е идеалне за оние што имаат романтичен стил.


Колор-блок костими за капење - Ако сакате чист дизајн и јасно дефиниран, а притоа ве привлекува комбинација на бои, тогаш ова ќе биде најинтересниот модел за вас.


Спортски костими за капење - Ако сакате изглед како од „Чувари на плажата“ или некоја од летните серии кои ги гледавме во минатото, тогаш посегнете по спортските модели, кои најчесто се едноделни и речиси никогаш не излегуваат од мода.

Објавено:
7 јуни 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.880 пати